Блекаут

02 April 2006

Кладилниците велат: Елена на 12 место на Евросонг

Најновите проценки на кладилниците Скајбет и Виктор Чендлер ја сместуваат Елена на 12 и 13 место во генералниот пласман на Евросонг. Пред недела-две била на 16, значи, има нагорна линија.

Како што наведов во мојата стратешка анализа по настапот на Тоше (Life is... a bitch, and then you die), кладилниците кога отвараат уста за Евросонг, воглавно знаат што зборуваат.

Поради големата важност што ја има настанов за промоција на Македонија во светот, а богами и за кариерата на Елена („сад или никад“ да се одлепи од балканскава жабокречина). Наспроти тоа што М2 не го прифатија мојот совет за подобрување на видливоста на официјалниот сајт, еве уште еден совет за како може да искористат уште еден алтернативен ресурс на интернет, покрај Википедија:

Без разлика што спотот не е совршен, би било добро да ангажираат неколку компјутери што имаат постојана интернет врска, на кои ќе постават пир-ту-пир софтвер (P2P). Во фолдерот за споделување нека го стават видео-клипот, може и со разни вистинити, но инспиративни наслови со важни клучни зборови. Предлагам „sexy Macedonian eurosong representative video“ и слично. Секако, внатре во спотот, во снимката, треба да биде напишано (кајрон) кој е и што е на него, како и наведени веб-адреси за повеќе...

1 comment:

Anonymous said...

Pametno zboruvas, samo koj da slusne.
Po se izgleda ne go esapat Internet za vazen medium za promocija.
Do koga vaka!??? :(