Македонската и српската википедија, со 25 и 26% повеќе написи, пораснале најспоро. Тие се зад бугарската и словенечката (32 и 33%), босанската (43%), хрватската (59%), албанската (73%), грчката (75%) и турската (87%). За романската во мај сум пропуштил да земам мерка, па не беше вклучена во таа пресметка. Еве ги податоците:
31.05.2006 | 24.01.2007 | Пораст | |
Македонски | 6971 | 8693 | 25% |
Српски | 32732 | 41380 | 26% |
Бугарски | 26168 | 34454 | 32% |
Словенечки | 28817 | 38300 | 33% |
Босански | 8980 | 12833 | 43% |
Хрватски | 16985 | 26951 | 59% |
Албански | 7469 | 12926 | 73% |
Грчки | 10323 | 18110 | 75% |
Турски | 23482 | 43944 | 87% |
Романски | 53450 |
5 comments:
Интернетот и Википедија може да се искористат како најефтин начин да се издадат учебнци на сите предмети ...
На учениците и студентите кои имаат пристап на интернет треба да им се даде некаква обврска да подигаат написи на МК Википедија - поготрово ова за студентите да важи ...
Но спиеме сите ...
трагедија..
Подготвив и утре ќе постирам статистика која во обзир ги зема и бројот на жители во земјата. Ја додадов и Бугарија, тебе ти фалеше во табелата. Се надевам дека со таа дополнителна статистика ќе се фрли поправедно светло на македонските википедисти.
Секоја чест за тие неколкумина кои активно внесуваат статии. Јас, за резил, сум многу зафатен за да внесувам, иако со помош на Милош на Википедија се пренесени многу Македонски народни песни од мојот блог. Но тоа е сепак негова заслуга и вложен труд.
@Волан: ти можеби мислиш за нешто како ова?
Гуд бајтс, ќе ги додадам и податоците за бугарската википедија. Сум ги испуштил во табелата ненамерно, иако ги користев за графиконот погоре.
А инаку, и јас првата статистика (таа од мај) ја правев во споредба со број на говорители. Всушност, ќе го качам цел ексел фајл вечер негде, па кој сака нека вади какви сака информации.
Post a Comment