Наидов на ова дело, нацртано на хартија и залепено за еден излог на улицата што води од главната зграда на Мобимак кон плоштадот Македонија (во Скопје). Човекот од продавницата ми рече дека нема врска со сопствениците и вработените.
Авторот/ката на цртежот ми е непознат/а. Како и за сите слики од моблогот, моите авторски права заштитени со Криејтив комонс се однесуваат на фотографијата. Името „Цртач и цајкан“ исто така се однесува на моето дело, чијшто дел се и овие два праграфи.
7 comments:
Имам видено и други такви, со ист стил на други места. Баш се урбани онака, ептен ми се свиѓаат, која свежина во ова гн‘сотилуциве скопски.
дали може да знам на кои други места ги имате видено овие цртежи?
поим неам:)
онака ми останало во сеќавање
негде низ градов
сум видела нешто слично
:)
ама не знам точно каде
па ова ми се гледа како интересна тема за пост..ем малку истражување:), башка сигурно има причина тој/таа за овакво необично опходење према стварите
На сајтов можеш да најдеш нешто повеќе за ваков тип на урбана уметност кај нас :)
http://www.comeclean.com.mk/
фала Би ќе биде од ова нешто...:)
=) си ги чувам јас на мобиљка, али да не сум себичен, линк кон тоа делата од истото бате/моме.
http://komitlak.googlepages.com/megallery
Post a Comment