Блекаут

11 April 2006

ГНУ/Линукс Инсталационен фестивал, овој викенд во Скопје

На 15 и 16 април 2006. во Народна техника во Скопје, Слободен софтвер Македонија организира пролетен Инсталационен фестивал...
...на кој ќе можете, со помош на поискусни корисници, да инсталирате ГНУ/Линукс на вашиот компјутер.

Во попладневните часови ќе има работилници за развој на веб апликации со употреба на слободни веб платформи, локализација на слободен софтвер и запознавање со работата на македонскиот тим на википедија, најпознатата слободна енциклопедија.

Во вечерните часови се планирани панел дискусии на тема слободниот софтвер и софтверските патенти, авторските права и интелектуалната сопственост и импликациите за секој граѓанин во информациското општество.

Ако имате блог, проширете ја веста преку пост на темава.

2 comments:

MT said...

Добра работа!
http://softwaremk.blogspot.com/2006/04/2006.html
Поздрав.

Anonymous said...

Еве и јас ставив пост на мојот блог за ова. :)