Гуд бајтс, познат и по тоа што е автор на веб-конвертор за кирилична поддршка има направено апликација за додавање на тагови за Технорати на постови на блогови. Ја применувам во овој пост.
Би било добро во аутпутот да се додаде и испишување на линијата и текстов што оди пред таговите. Она со див - во моменталната верзија ми дава само линкови да вметнам, а не и другото.
Дополнително не е наведено дека веројатно во темплејтот треба да се стави и дефиницијата на таа класа во ЦСС-от, на пример ова: „.technorati-tags {font-size: 85%; border-top: 1px solid #e5e5e5;}“.
5 comments:
Ќе постирам уште една верзија, па да можете да си изберете која ќе ја користите. Не сакав да ја комплицирам работава, но спремен сум и секому да му помогнам ако можам да ја дотера по свој вкус.
BTW, линкот „Фонтовски конвертор“ кој ти стои во сајдбарот (фала за тоа) покажува кон стариот сајт, кој сега веќе не работи.
Активниот линк е: http://www40.brinkster.com/enmkonvert/.
Еј супер за конверторот, добро ме потсети. Би сакал да ти понудам веб-простор за вакви корисни апликации. Пиши ми на развигор ет џимејл точка ком.
Koja е целата да ставаш кирилични тагови оки никој не ги става??
И нема постови и блогови врзани за тие тагови??
барем стави паралелно и кирилица и латиница :)
Дарко, во Технорати има пребарување по тагови. Значи, ќе излезеш во резултатите ако некој на кирилица пребарува по некој од твоите тагови („Македонија“, „комуникации“...). Има логика?
Мене ме чуди што сеуште не се појавуваат постови со таговите со мојава алатка. Немав време да ја тестирам, веднаш ја споделив со вас. Но, форматот на таговите е тој. Да не испадне на крај сум ве излажал да тагирате за џабе. :-))
Post a Comment