На 28 јануари се прославува годишнината од донесувањето на Конвенцијата за заштита на податоци (бр. 108) на Советот на Европа, најважниот меѓународен закон за приватноста. Од 1981 г. досега ја ратификувале над 40 земји, меѓу кои и Македонија, но за многу поголем број е важно и тие да ја поддржат (особено САД).
Поддржете го Меѓународниот ден за заштита на приватноста на 28 јануари и придружете се на глобалното движење. Барајте и Вашата влада да ја заштитува приватноста на корисниците на интернет!
Активности предложени од Паблик војс (The Public Voice):
1. Зачленете се во групата на Фејсбук „International Privacy Day - 28-01-2009“ и поканете ги познаниците да се зачленат и да се вклучат во кампањата.
2. Блогирајте на тема „28 јануари: Меѓународен ден за заштита на приватноста: реални проблеми, реални решенија“ (January 28: International Privacy Day. Real Problems, Real Solutions) и прославете ја годишнината од донесувањето на Конвенцијата за заштита на податоци.
3. Дискутирајте за вистински проблеми поврзани со приватноста (на пр. задржување податоци) и вистински решенија поврзани со приватноста (на пр. техники за нејзино зголемување).
4. Поканете и други блогери да пишуваат за 28 јануари и за вистински проблеми и решенија поврзани со приватноста. Поврзувајте ги постовите преку линкови.
5. На Фејсбук, објавете го линкот до настанот на вашиот профил (Share > Post to Profile).
6. Промовирајте со банерот „Privacy – January 28“.
7. Објавете видео-клип поврзан со приватноста на вашиот блог или профил.
8. Организирајте кампања во вашата заедница.
9. Гледајте филм за приватноста со пријателите. Некои од нив се „Гатака“, „Државен непријател број 1“, „Животите на другите“, „Орловско око“.
No comments:
Post a Comment