Блекаут

31 January 2009

Три предлози за подобрување на Кајмакот

Не дека Кајмакот е лош, најдобар е на македонскиот веб, туку предлозиве се за да биде поефикасен. Се работи за функционалности, односно надградби кои сметам дека одлично би го дополниле.

1. Пребарување - за сега недостасува можност да се пребарува низ содржините, по можност со избор да се филтрира по наслови, описи, линкови и коментари.

2. Персонализација на фидовите (RSS) - сакам да ставам модулче на мојот блог со информација за тоа што јас сум гласал за да ги промовирам линковите по мој избор, а не само по категории или најгласаните од други.

3. Проширени опции на корисничките профили - можност за пријавување омилени сајтови, контакт инфо, сликиче, итн. Поврзување со другите свои профили и сајтови. Можност за поставување свој код од Гугл адсенс или Амазон асошиејтс во својот профил и на предложените линкови.

2 comments:

Дамјан Георгиевски said...

http://bugs.softver.org.mk/proj17

иако, Глиша не баш има интерес за додавање feature-и на кајмакот - па некој ќе треба да го fork-ува

Развигор said...

Дискусии на темава има на Кајмакот и на верзијата на Развигор на Блогерај