Овој смешниов веб-стрип Ирегулар вебкомик има баш смешна епизода:
Превод:
Крадецот: Значи, Алвиса, ако елфите живеат по илјадници години, како не сте успеале да се намножите толку да ги истиснете другите раси и да го завладеете светот?Алвиса: Елвските деца цицаат по дваесет години, забите им растат по 20 години и се неподносливо непослушни по околу 100 години, а им треба и околу 200 години да научат да одат сами по нужда.
Крадецот: Ааа... така.
Алвиса: Да. Елфите развија ефикасна контрацепција уште пред да откриеме како се користи огнот.
No comments:
Post a Comment