Блекаут

08 January 2009

Поддршка за промоција на нашите природни убавини

Две локации во Македонија - Охридското Езеро и пештерите Врело кај Матка се пласирале во вториот круг за избор на нови светски чуда на природата.

Ова е убава прилика за мобилизирање околу промоција на нешто што е заедничко на сите наши сограѓани, без поделби по етничка или партиска основа, ами со вистински патриотизам.

Затоа ја поддржувам иницијативата и ве поттикнувам и (повторно) да гласате на официјалниот сајт за избор на нови 7 светски чуда и да ја ширите веста преку постови на вашите блогови или со зачленување, активности и канење пријатели во групата на Фејсбук.

2 comments:

Жарко Трајаноски said...

Ако гласам „патриотски“, како што препорачуваш, тогаш практично треба да се согласам на името „Republic of Macedonia (FYROM)“.
„Некронимот“ FYROM е изум на грчката пропаганда со која се понижува нашата држава, па оттаму сите „патриоти“ што ќе го притиснат копчето на кое стои „FYROM“ ќе станат жртви на непријателска пропаганда.
Затоа, наместо притискање на копчето на кое стои FYROM, предлагам да се здружиме и да потпишеме петиција до организаторот за бришење на „некронимот“, и да ја прошириме петицијата до сите вистински пријатели на Македонија.
Исто така, има уште една нелогичност. Кај езерото „Охрид“ прво стои Албанија, а после Македонија (ФИРОМ), додека Албанското чудо (реката Дрин) е само на Албанија иако едниот крак на Дрим извира од Охридското езеро во Република Македонија.
Поздрав

Развигор said...

Во право си Жарко и за користењето на името и за неконзистентноста во определување на државната сопственост врз природните убавини.

Јас не сум многу по петиции на интернет оти најчесто се неефективни, но можеби организаторите ќе реагираат на директни пораки по е-пошта и организирање на таква кампања преку сите расположиви средства (на пр. социјални мрежи како Фејсбук).