Блекаут

05 March 2006

Повеќе информации за Елена Ристеска на веб, под итно!

Мило ми е што Елена Ристеска победила на локалниот избор за песна на Евровизиja - барем 50% се оствари моето залагање од 2004 тоа таа да го стори во дует со Адријан Гаџа. Тој не поминал лошо ни во дует со Есма - второ место на телевоутингот.

Не ја гледав емисијата, па не можам да навлегувам во квалитетите на комбинациите, песните, изведбите и организацијата. Но мислам дека е навистина греота што нејзиниот официјален веб-сајт, ниту „Официјалниот македонски сајт за евровизија“ не се освежени со информации.

Сликичката ја земав од Музика.нет.мк, на кој има обемно досие за Елена, но тој информациски систем оперира само на македонски јазик.

Како поддршка на напорите за успех на Евросонгот, одговорните мора што побрзо на официјалните веб-сајтови да се качат податоци (особено слики, аудио, видео) оптимизирани за машини за пребарување на англиски и најголемите балкански јазици - барем на грчки, српски, албански, хрватски, бугарски и романски.

Елена да отвори блог на англиски и да ги сподели своите мисли, известувања за подготовките и фотографии со Европа. За блогот да се направат убави, мали банерчиња (не во Флеш, туку ЈПГ) во разни форми и да се понудат на интернет-јавноста да ги стави на свои сајтови и блогови - да се дигне под итно рангот на таквиот сајт.

2 comments:

Anonymous said...

Тука горе на 1800м надморска висина и 2.5м снег ги имаме истите проблеми. Прашањето што треба да се утврди дали од двата официјални извори на информацијата, прво ќе ја објави Eurosong.MK или Eurosong.

Инаку денес е недела, па разбирливо е што нема ништо. Веб администраторите и контент администраторите си се на викенд.

Anonymous said...

Spored nejzinata web strana seuste e vtora godina sredno. Sto um ke bese ke si rece nekoj na 20 godini :(
:)