Блекаут

18 March 2006

Елена на Википедија (М2, кај сте?)

Решив да ставам мал напис за Елена Ристеска на Википедија. На англиски, на верзијата каде што треба да се промовира Македонија највеќе. Што има јак ранг на Гугл. Ги искомбинирав веќе постоечките информации од општиот напис за Евровизија 2006 и од личната карта на Музика.нет.мк.

Во право е .аНТИ кога вели дека со вакви доброволни активности приватни фирми не само што може да извадат профит од вакви прилози, туку може ни фала нема да кажат:
Истово важи и за Википедија и за ен куп други проектчиња. Дури и да не се комерцијални, тие утре може да се комерцијализираат. Не знам дали пред да преведеш нешо ти гарантрираат дека нема твојот текст да се користи во комерцијални цели. Ако има, ондак е ок. Ама не верувам дека има.
Еве на пример, М2 ќе влечат полза. Предупредив за ова пред некоја недела, но нивниот официјален веб-сајт сеуште нема англиска верзија. Ова што го ставив веројатно ќе влијае многу повеќе луѓе од странство (што може да гласаат) да чујат за Елена од она што тие го ставиле. Ќе влече полза и МРТВ, и Владата на РМ. И еден куп други кои не се спремни да инвестираат во добра интернет-маркетинг кампања со мене на чело. :-)

Но, јас сепак мислам дека е добро да се придонесува волонтерски и во Википедија. Особено ако знаеш кој ти е мотивот - а спектарот може да е прилично широк: алтруизам, патриотизам, желба за учење, ширење знаења, промоција на содржини што ти значат... до најегоистичка себепромоција. За секого по нешто, м?

4 comments:

Shepard said...

:)

Anonymous said...

elena risteska is A macedonian singer.... clen ti fali...i uste nekoi sitni greski imas nadole, pregledaj go pak...inace super e

Развигор said...

Анонимче, слободно исправи ги грешките... само кликни на „edit this page“ во написот на Википедија.

Anonymous said...

Bravo be dete. Stvarno si razvigor, ebate belja. Na zemjava i trebaat povekje lugje kako tebe. Prodolzhi taka.