Блекаут

11 May 2006

Гугл-трендс за забава и знаење

Новата алатка на Гугл што ги покажува трендовите за тоа колку луѓето бараат нешто на интернет е многу полезна во дознавањето колку ние го интересираме светот.

Следат неколку примери, во кои Македонија е секогаш означена со црвена боја:
Комшиски мерења, или „кој е појак“:
Кога сме кај комшиски, да видиме
Главен град на Балканот за 2005
(Во неколку продолженија, оти Гугл дава максимум од пет поими - последниот од претходното е прв во наредното. Ја избрав 2005 оти интересот за Атина во 2004 г. доведува до екстремно висок просек за неа.):

Онака, од општа култура, добро е да се знае колку луѓето се интересираат за опциите на некои вечни дилеми:
И не се мачете доколку се прашувате дали светот го интересира дали ќе биде СДСМ или ВМРО, Бучковски или Груевски, Али или Арбен, или пак некој претседател на Македонија... За ваквите се добива порака „Your terms... do not have enough search volume to show graphs“.

Единствените Македонци кои го заинтересирале светот не се блогери, туку се поврзани или со Евровизија, или со Моторола.

No comments: