Во делата на тема закопано гусарско богатство важи принципот „кој си го најде, негово е“. Од романот „Островот со богатство“ (Treasure Island, 1881), преку компјутерската игра „Тајната на мајмунскиот остров“ (Secret of the Monkey Island, 1990), до играниот филм „Пиратите од Карибите“ (Pirates of the Carribean, 2003) – никој не зборува за наоѓање на жртвите или наследниците на жртвите на пиратите за со нив да го подели најденото.
Од друга страна, што да се прави со пиратите кои во основа го споделуваат своето собрано богатство со целиот свет? Еве на пример рускиот сајт „Комикс икс икс“ (www.comixxx.com), содржи огромна архива на скенирани еротски стрипчиња, кои може бесплатно да се читаат и симнуваат.
Пари вадат од порнографските огласи вметнати во некои од страниците. Дали ако властите ги фатат членовите на оваа пиратска дружина, дали тие треба да ги предадат собраните пари на сопствениците на авторски права на стриповите? Како би се поделил овој плен, особено ако се земе предвид дека квалитетот на стриповите варира, па некои сигурно се помалку читани од други. И дали имајќи го тоа на ум, дали е во интерес на правдата овој веб-сајт да стане поефективен во однос на експлоатација на огласите? Односно, да има работа со повешти пирати, кои ќе ја зголемат употребливоста на галериите, која е на многу ниско ниво: сликите се отвораат во посебни прозорци и тоа сами, а сајтот користи и рамки и други демоде техники.
Кај нас, во слични случаи, испаѓа дека е најважно да се уништи пиратизираниот материјал, а по можност да се казнат виновниците.
No comments:
Post a Comment