Блекаут

12 May 2006

Метаморфозис објави нови истражувања за ИКТ во Македонија

На веб-сајтот на Метаморфозис од денес се достапни резултатите на две нови истражувања:
  • Анализа на јазот во имплементацијата на е-владеење во регионот на Западен Балкан (март 2006) од проф. д-р Марјан Гушев и м-р Гоце Арменски од Универзитетот Св. Кирил и Методиј, ПМФ, Институт за информатика. Анализата е направена со користење на бенчмарк-анализи за е-владеење според стандардите на ЕУ, анализи на националните стратегии за информатичко општество и студија за имплементација на концептот на е-влада во држави од Западен Балкан (Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина).

  • Анализа на домените од второ и трето ниво во Македонија заклучно со 1 јануари 2006 година, врз база на јавно достапни податоци. Таа укажува на јасен тренд на пораст, при што како двигател се јавува деловниот сектор (.com.mk), а нуди и податоци за сопственичката структура на македонските интернет-адреси, корелација на настани од применетите политики за ИКТ со зголемување на бројот на домени, како и нарушувања на правилата на МАРНет.

No comments: