Блекаут

08 May 2006

Фотографирање непознати и заштита на приватноста

Во најновиот Вајерд има концизен текст (Stalker or Shutterbug?) од Клајв Томпсон во врска со фотографирањето и можните правни последици, како тужби за загрозување на приватноста, детска порнографија, нарушување на авторски права и слично.

Напишан е од перспектива на САД, но споменува и примери од други земји, како на пример, Канада:
Надвор од САД, најдобро е да се побара дозвола. Во Квебек, една тинејџерка успешно тужеше фотограф и му зема 8.000 долари затоа што ја фотографирал без таа да знае, иако во моментот седела на степениците на јавна зграда.
Го препорачувам текстот како појдовна основа на сите што објавуваат фотографии на своите блогови, односно одржуваат моблог.

No comments: