Блекаут

04 May 2006

Македонија во светот на фудбалот


Еве како е претставена Македонија во обемната „Комплетна енциклопедија на фудбалот“ (The Complete Encyclopedia of Soccer) што може да се најде и во книжарницата Икона во Рамстор:
Македонија (Бивша Југословенска Република)
Фудбалски сојуз на Бившата Југословенска Република Македонија
Основан 1908
ФИФА 1996
Една од балканските држави кои се здобија со независност во 1990-тите години, Македонија не успеа да го повтори успехот на соседна Словенија.

Една реченица, од која половина е за други! Ете тоа е перцепцијата за нашата земја што ја имаат во странство. А фајромизацијата, капак.

БТВ, што е разликата меѓу ФСМ и ФФМ?

2 comments:

eden said...

porano bese fudbalski sojuz na makedonija a po novo e fudbalska federacija na makedonija.

GoodBytes said...

Па ОК, реално е толку да напишат, кога навистина немаме ниеден поголем меѓународен успех со кој би се пофалиле.

Ова лаконски кратко и безмислосно набројување на факти ме потсеќа на „Водичот“, со описот на луѓето, жителите на планетата Земја, откако биле анализирани долг временски период.

Harmless.

По интервенцијата на главниот лик (Артур), односно по неговото бунење, Водичот ќе се збогати со:

Mostly harmless.

Инаку, ова ќе биде и наслов на последната, петтата книга од серијата.