Блекаут

07 May 2006

Одливот на кромид (onion drain) ѓоа се заканува на Македонија

А1 известува дека одливот на кромид (onion drain) ѓоа се заканува на Македонија:
Познатиот млад кромид од велешко Башино Село се уште е најбараниот во соседните земји. Овој надалеку познат кромид некогаш ја снабдуваше не само Македонија, туку и цела Југославија.
...
Цело село произведува кромид. Токму во ова село природата создала најповолни услови за производство на кромид.
...

Но, најголем проблем на земјоделците од Башино Село е неорганизираниот пласман на домашниот пазар. Земјоделците велат, доколку пласманот биде поорганизиран, би произведувале многу повеќе, па не само за домашниот, ќе има и за странскиот пазар.

„Ако имаме добар пласман, да имаме државна фирма, да има кој да се интересира за нас, најверојатно би било друго“, додаде Хаџидимов. (болдот е додаден)

Еј што добар блог имам, а и други текстови, па фотографии, само проблем е што државата ме угнетува - не праи некоја фирма да ми обезбедува пласман да заработам од нив. Плус и Ворд и Ексел знаам. До кога вака, ах! Ај, ај, ќе видите вие на избори.

2 comments:

Јован said...

те носам на фото-кромидо-блогирање во Башино? :)

GoodBytes said...

Богами ќе видиме на избори. Овој популистов ќе им го шекне умот до изборите. И ќе го гласаат.

Како беше онаа: „прост народ, силна држава“!

Јас сакам државата да ми гарантира дека ќе ми го откупи сиот софтвер кој годинава ќе го произведам. :-)

(Офтопик: спемов на Блогер е драстично намален, една-две пораки неделно. Овој word check кај внесувањето на коментарите може да се тргне и да се проба.)