Блекаут

19 May 2006

Дигимак покажува знаци на живо(с)т

На почетокот, Дигимак го окарактеризирав како „како дете од брак на Он.нет и Маседониа срч“, кој од многуте македонски „портали“, се издвојуваше со тоа што ги есапи блоговите. Во меѓувреме имаат извршено надградби во таа насока и тоа за добро.

Имено, во нивната секција посветена на блогови почнале да влечат и податоци од Сајтмитер, со кои прават ранг-листи на посетеност по ден, недела и вкупно досега.

Би било многу интересно ако овозможат и споредби на вкупните податоци за сите блогови, не само за првите десет. На времето кога рачно и графички обработував вакви податоци наидов на добар прием кај членовите на МБЗ. Не гледам причина тоа да не се повтори, плус во реално време. Колку што можам да видам, податоците ги прибираат на некој определен интервал, не се рефрешираат одма.

Секако, Сајтмитерот не е непогрешлив индикатор, но мислам дека како принцип е добро да се квантифицира. Особено што овие листи потоа може да се вкрстат со резултатите од Технорати Мак Топ - направијата на Гуд бајтс.

2 comments:

Anonymous said...

Тукушто наидов на овој пост (знам, малку каснам) и сакам само да ве известам дека секцијата за блогови на digimak.net уште повеќе е надополнета со тоа што сега sitemeter податоците и графички се обработуваат за секој блог посебно или како комбинација на 3 блогови одеднаш.

Инаку, sitemeter податоците се собираат на секој саат.

Anonymous said...

sekcijata za blogovite e super a bogami i sodrzinata na stranata www.digimak.net, samo treba da porabotat na brzinata so koja se otvara stranata