Постот на Ивица Боцевски
„Индекс на пропаднати држави“ ме потсети на дека влијателниот часопис Вајерд во својот број за април 2006 (
Wired 14.04), само во печатеното издание (стр. 46-47), во рубриката Атлас го има објавено написот „Држави/состојби на конфузија“ (States of confusion) во кој е претставен степенот на јачина на системот на владеење или јавната администрација, преставен преку степенот на контрола која државата ја има или не врз ситуацијата во дадена земја. Наводно, колку е понизок процентот (поцрвено) толку е пораспаднат системот.
Кликнете на мапата за поголема верзија
Во однос на нашето соседство, ЕУ10 и Словенија се сместени во категоријата „јак систем на владеење“ (81-100%), Грција е во „адекватен систем“ (61-80%), Македонија и повеќето други балкански земји е во „систем под притисок“ (41-60%), со исклучок на СЦГ и Албанија кои се во „испечен систем“ (21-40%). Конкретните оценки по земји не се објавени.
No comments:
Post a Comment