Блекаут

15 May 2006

Бомбардирање на Гугл за уапсен египетски блогер

Египетскиот блогер Ала Сеиф Ал-Ислам бил уапсен пред недела дена, а неговите колеги се трудат да го свртат вниманието на светската јавност кон ова прашање. Меѓу другото, имаат почнато и акција за „бомбардирање на Гугл“ (Google-bombing action for Alaa) :
Тим од блогери од се здружија за да направат специјален блог за апсењето на Ала. Потоа блогерите од целиот свет се молат да постават линкови до оваа страница користејќи го текстот „Egypt“.
Целта е кога некој ќе бара информации за Египет на Гугл, овој линк да се појави што повисоко во резултатите, оти пребарувачот го определува рангот на клучни зборови и од текстот на линковите.

Ете затоа јас веќе со години трубам дека оние линкчиња „повеќе“, што ги има на повеќе македонски сајтови, немаат врска. Линковите до одредени написи треба да бидат текстуални, и тоа по можност, нивните наслови.

No comments: