Вајерд во априлскиот број (
Wired 14.04) има цела секција посветена на компјутерските игри, уредена од авторот на Симс, Вил Рајт. Еден од текстовите (
Generation Xbox) е посветен на шесте карактеристики на луѓето кои од деца растат со видео игри:
- Ароганција
- Дружељубивост
- Координација
- Флексибилност
- Натпреварувачки дух
- Непокорност
Еве што вели авторката Ерин Биба во врска со последното:
Минувајќи илјадници часови во светови ослободени од авторитети ги учи гејмерите да живеат според своите сопствени правила. Припадниците на Генерацијата Г прифаќаат критики исклучиво од рамните на себе. Аутсајдерите ионака не го зборуваат нивниот јазик.
Дали ви звучи познато и од извесни случувања од македонската блогосфера?
No comments:
Post a Comment