А кој ќе им објасни дека кучињата се (од човекот) закржлавени потомци на владетелите на шумите - волците? И кај е екоцидот, во плеткањето против примарната директива (кој гледал Ѕвездени патеки ќе разбере) или во фрустрираното убивање на неколку примероци?Сметам дека обете активности се дел од уништувањето на природната средина (ecocide), со тоа што не се согласувам дека кучињата се закржлавени. Тие се променети, прилагодени за преживување во новите услови на симбиоза со надмоќниот вид, со што се обезбедува нивно преживување. Судејќи по бројноста и шансите за опстанок, ваквите мутации ги прават кучињата далеку поуспешен вид од волците. Исто како што и преживувањето на свињите зависи правопропорционално од тоа колку ги јадеме.
И кое е тоа изживување на затворање на предоминантно шумски грабливци во четири ѕида?
Ако со затворањето мислиш на кучињата, тогаш можеш да се прашаш и за затворањето на луѓето, кои првобитно биле савански месојади, значи живееле на уште поотворен простор од шумите, во четири ѕида. ;-) Ако мислиш на клаустрофобичните зоолошки градини, тогаш се согласувам дека се работи за изживување и садизам во основа, макар и ненамерни. А за намерните...
Слична работа беше со обидот за убиство на носорогот во зоолошка. Испадна дека човекот пред тоа бил нападнат и сакал да се одмазди. Многу е можно профилот на убиецот да е на слично ниво.Јован веројатно мисли на нилскиот коњ Ниско (види подолу). Во скопската зоолошка не се сеќавам да сум видел носорог – ние како вид носорозите ги разретчивме порано од нилските коњи, особено заради верувањето дека од рогот се прави лек за импотенција (па и поскапи се).
„Љуштимо и сецкамо, најбољи смо, знамо!“ - реклама од СФРЈ
Ама и нилските коњи ќе си го добијат, дотерани се на раб на изумирање:
Во тропските предели, нилскиот коњ, кој досега важеше за често и вообичаено животно, сега првпат бил запишан во црвената листа. Причина за тоа е што бројот на овие цицачи во Демократската Република Конго бил намален за 95 отсто во последната декада. Променливата политичка ситуација во земјата предизвика претеран лов на овие животни поради нивното месо и забите.Инаку, и големите мајмуни, нашите најблиски сродници (98% генетска истоветност), како горилите и шимпанзите, покрај што им го одземаме живеалиштето - шумата, ги ловиме за да ги јадеме. А со оглед на ендемичните болести кои се наоѓаат кај оние помалите мајмунчиња, многу е веројатно дека и вирусот ХИВ првобитно го имаме закачено преку директен контакт со нивната крв, при буквално касапење.
Голготата на Ниско
Скопската зоолошка градина е сцена каде многу „јунаци“ им ја покажале мрачната страна на човековата природа на животните – од постојаното малтретирање, до смисленото колење на срните, до обидот за убиство на нилскиот коњ (20.12.2000.). Написот „Претепан нилскиот коњ Ниско“ ја сумира ситуацијата во врска со него до 30.03.2005 година:
Ни на Ниско не му е првпат да биде малтретиран. Многу брзо откако беше донесен од Нирнберг му експлодира петарда в уста, а пред неколку години, пак, еден посетител, за да му докаже на синот дека може да му удри клоца на Ниско, влегол во неговото живеалиште, но нилскиот коњ му ја одгризал ногата. За овој настан Ниско сега е на суд.Дополнително, муабетот со одмаздата како изговор што ја споменуваш беше искористен да се шири етничка нетрпеливост и омраза, преку алузии и на традициите за крвна одмазда и онаа пропагандна кованица „ривенџ атакс“ со која се заташкуваа „изолирани инциденти“ на Косово. Секако, одмаздата не е оправдание за нов злостор во ниеден случај!
По новиот напад врз Ниско на 25 март 2005 година, кога група деца најверојатно му фрлиле стакло во устата, наспроти обидите за заташкување и млаките необврзувачки заложби од одговорните државни службеници, беше покрената неуспешна петиција за враќање на Ниско во родниот Нирнберг.
Наредниот октомври, скопскиот градоначалник најавил поставување камери во зоолошката како мерка на заштита на животните. Бидна нешто со тоа?
2 comments:
Во право си за исправката, брзав па не проверив...
Инаку и морските коњчиња, најслатките суштества што постојат, ги истребуваат ловејќи ги за лек против импотенција. Ех вие маживе што луѓе ќе да бевте ц ц ц
Post a Comment