Блекаут

21 May 2006

Узбуна! Религиозното мракобесие победи на Евровизија

Добро покажаа оние Виг Вам (норвешки Калт) минатата година: „рокот е нов шлагер“. Хард-рокот и хеви-металот на Лорди (фински Кис) ги растурија трите главни типа изведувачи на Евросонг, кои за разлика од „чудовиштата“, најчесто пропагираат „христијански вредности“:
  • згодна разголена/стегната мома што тресе со атрибутите и нуди предбрачен секс, со разиграна придружба
  • костумосан пејач или пејачка во балски фустан кои жалат поради недостаток на предбрачен секс во друштво на слично облечени и статични другарчиња
  • хибрид од горенаведените, воглавно во форма на младалачки облечен пејач + танчерки
Дали наредната година, покрај благослов од архиепископот на МПЦ и државната делегација на највисоко семејно ниво, македонскиот претставник во Хелсинки ќе треба го придружува и тим на егзорцисти, да го истераат ѓаволот. Дали за зајакнување на силите ќе се обединат со други православни цркви или со Ватикан? Крајно време е, Европа гласаше за Сатаната!

Можеби неслучајно јас вчера попладне го забележав изразот „религиозно мракобесие“ во советскиот документ објавен од Букаро. Интересно е и дали обложувалниците ги земаат предвид благословите при пресметување на коефициентите. Според Вајерд (Betting on Brangelina) пресметуваат според веројатен исход, број на вести по таблоидите, број на коцкари и уплатени суми.

На секуларниот фронт, со оваа Евровизија беше пропуштена и историска шанса да се испрати наша пејачка со безопасен изглед на сред Атина да испее:
„Macedonia means you no harm,
We are here in Europe to stay,
There goes the neighborhood, but,
DON'T YoooooooooOU FYROM MEeeeeeee!“
Од аспект на употребливост фајромизацијата навистина негативно влијае и на пласманот на земјата, оти на екран многу потешко се препознава и помни FORMER YUGOSLAV REPUBLIC OF MACEDONIA, напишано со најситни буквички за да го собере цело, покажано во време кое едвај е доволно да се прочита од почеток до крај, отколку на пример, ARMENIA.

Слично познат бренд, ама бренд, не бизарен бирократско-историски реферат тотално неинтересен за гласачите ширум Европа. А Евровизија е важна, не од уметнички аспект, туку поради тоа што е еден од ретките канали за дигање на интересот за луѓе од земјава, како што покажав со трендовите на Гугл.

zafirovski proeski risteska vucic

Плус за коментаторката на МРТВ, која недоквакано се осуди да најави дека Грците ќе ни доделат 12 бода при гласањето, беше што името на земјата Летонија на македонски јазик го кажуваше правилно, а не во англиска варијанта (Latvia).

Одраз на желбите и неинвентивноста на текстописците, како новина на овогодишниот избор со дури три песни беше промовиран и поджанрот на директно убедување на гласачите дека тоа е победничката – литванската, исландската и несудената српска.

Се шири муабет дека Литванците всушност ги загубиле првобитните претставници по пат оти не биле најавени година дена однапред за грчка виза, ама членовите на државна делегација, локални политиканти со дипломатски пасоши, во авион се договориле да настапат наместо нив, смислувајќи го текстот и кореографијата по пат.

4 comments:

Moby said...

Pa komentatorkata samo se zezashe ...(deka kje ni dadat 12 poeni)
ne e luda:)

GoodBytes said...

Европа гласаше за Сатана, а стереотипите на изведувачите се дефинитивно паднати. Евровизија е во реформи, камо да се укине. :-)

Посебно ме загрижува мислата дека изгледа се истураат огромни државни пари, од кои повеќето одат во приватни џебови. А не знам каде да ги проверам бројките.

За коментаторката: МТВ има луѓе кои се грижат за правилниот изговор и правописот на спикерите. Ним им се по илјада пати ставани во глава исправките на честите грешки.

domenica said...

Европа гласаше за нешто поразлично (не по мој вкус)

а секако дека немаше шанса да ни дадат!

Prebond said...

Mislam deka Letonija doagja od francuski , Latvijcite samite se narekuvaat Latvija i ne gledam so e problem i nie da gi imenuvame kako Latvija