Блог на најразновидни теми, меѓу кои стрип, анимација, тековни настани, историја, палеонтологија и интернет, со препораки или кудења на нешта што може да се прочитаат, изгледаат или ислушаат. Другото сè е сеир.
Визуалициите на следење на погледот покажуваат дека корисниците често ги читаат веб-страниците по шема во облик на латиничната буква F: две хоризонтални линии следени од вертикална линија од лево.
Во фирмата за која работам имам еден експерт за usability и визуелен дизајн, Амер, кој тврдеше дека движењето е како латиничната буква C, испишана коцкесто (значи F со долната хоризонтална црта сосем долу).
Е сега, според него, очите на посетителите најчесто одат прво од горе до долу, потоа продолжуваат во десно, а потоа погледот се селел најгоре, каде преминуваат од лево кон десно. Освен тоа, тој секогаш инсистира страниците да завршуваат во долната половина на прозорецот, т.е. да не се повисоки од, да речеме, од 600 - 700 пиксели (со што доаѓаме пак до варијантата со буквата F).
Очигледно е дека не се работи за многу егзактна анализа. :-)
Сакам да кажам, резултати од вакви анализи можат да бидат поверодостојни според статистички модели, кога ќе се анализираат што е можно поголем број примероци. Освен тоа, како што текстот од Нилсен покажува, значително се менува начинот на кој се „чита“ една страница, преку визуелниот дизајн.
Ова е долга и широка тема. Јас како програмер многу повеќе се интересирам за функционалноста наспроти дизајнот, но сепак дизајнот има огромна улога, зависно од типот на сајтот/апликацијата и целите на publisher-от.
Имам еден пријател кој заврши архитектура во Скопје. Тој имаше некој професор кого многу го почитуваше, па еднаш ми кажа за една негова мисла, дека убавината (на просторот, градбата) доаѓа од едноставноста и функционалноста.
Едноставноста која допира до минимализам, заедно со функционалноста, прослави повеќе архитекти-модернисти, како на пример Корбизје или Кензо Танге.
3 comments:
abe na mtv1 kaza taka i jas taka znam

Post a Comment