Блекаут

19 May 2006

Имиња на месеци се пишуваат со мала буква

За многубројните кои како се пишува не учеле со помош на правопис на македонскиот јазик, туку со англискиот, нелокализиран „спелчекер“ од Ворд:
  • Во македонскиот јазик имињата на месеци и денови во неделата не се пишуваат со голема, туку со мала буква.
  • Кога се пишува година со бројка, по бројката треба да стои „година“, „г.“ или точка. Во англискиот јазик за означување година се пишува само бројката, а дека е година се подразбира од контекстот.
  • Датум се пишува или со бројки одвоени со точки (1.5.2006. или 22.12.1941.) или со името на месецот, но без точка меѓу денот и месецот („1 март 2006.“, а не „1. март 2006.“)
  • Во македонскиот јазик, основен редослед за датуми е ден-месец-година. Во англискиот, во рамките на текст, најчесто е месец-ден-година (April 1, 2005 или April 1st 2005), додека ако се пишува по редослед ден-месец-година се додава зборчето оф (1st of April, 2005). Најсличен на нашиот е таканаречениот „воен“ формат, во кој освен со точки, броевите може да бидат одвоени и со коси црти. Според него, и часовите не се означуваат од 1 до 12 со претпладне (AM) и попладне (PM), туку од 0 до 24.
Ви благодарам на вниманието.

No comments: