Блекаут

21 May 2006

Нова верзија на Технорати Мак Топ

Гуд бајтс официјално го објави поставувањето на нова верзија на Технорати Мак Топ - апликација што прави ранг-листа на македонските блогови според резултатите на Технорати:
За разлика од досегашната верзија, која прикажуваше листа подредена по абецеден редослед кога ќе се надминеше лимитот, оваа нова и подобрена верзија ќе се обидува да се ажурира при секое отворање, а ако не добие назад одговор, ќе ги прикаже последните валидни резултати. Со други зборови, листата ќе се ажурира најмалку еднаш дневно.
Најновиот блог пријавен за оваа ранг-листа е Фото кино клуб Тетово. Технорати не регистрира премногу линкови до него, па се надевам овој од претходната реченица ќе помогне. :-)

2 comments:

asdf said...

Поздрав за тоа, Иако сум 27ма :)

Chkrap! said...

Благодарам Развигор:)
Драги од Чкрап!