Блекаут

05 May 2006

Панта реи: Фонтовскиот конвертор поставен на Агора

Конверторот за текст напишан со и без кирилична поддршка на Гуд Бајтс од неодамна е поставен на Агора, со што се обезбедува поголема достапност за македонската публика. Гуд Бајтс вели:
Во иднина, таму ќе се префрли и Technorati MAK Top, топ листата на македонски блогови според линковите, а најверојатно ќе следат и други мали и корисни веб апликации.
Конверторот е една од најкорисните јавно и бесплатно достапни апликации од македонско производство. Да побрзам да го сменам линкот во блогролот до неа. ;-)

Технорати мак топ е исто така полезен, оти овозможува преглед на линкуваноста на македонските блогови без потреба од рачно правење ранг-листа.

1 comment:

GoodBytes said...

За Technorati MAK Top, сакам прво да најдам малку слободно време и да го доработам, пред да го поставам на Агора. Имено, сакам да го сменам ажурирањето на листата - да се обиде да земе свежи податоци од Технорати и да ги прикаже, а ако не успее, да ја покаже последно ажурираната топ листа (која ќе биде од пред неколку часа).