Блекаут

08 March 2006

Трагикомичноста на македонските преведувачи (2)

(Продолжение на постот за телевизиите)

Понекогаш преводите укажуваат дека на недостаток на општа култура на преведувачот, во комбинација со бегло ѕиркање во речник и избор на првиот достапен синоним, понекогаш зачинето со хиперкоректност.

Така на пример, во преводот на германскиот филм „Збогум Ленин“ прикажан на Сител, беше измислен изразот „одделенски непријател“, наместо „класен непријател“.

Има случаи и кога преведувачот со тек на време се исправа, прво за некој термин користи погрешен, па правилен превод (му/ѝ текнало). Зачудува што во таквите случаи преведувачот не се враќа да ги исправи претходно направените грешки во преводот. Така, во 15 епизода (Shuttlepod One) на серијалот Ентерпрајз од франшизата „Ѕвездени патеки “ на Телма, микросингуларностите (micro-singularity, singularity) беа прво преведени како „честички“, а потоа поточно како „мали црни дупки“.

На МТВ1, во филм за англиската кралица Елизабета, реченицата „Зар ќе го учите владетелот?“ беше употребена како превод на (You need a prince to teach you manners) „Ви треба принц/владетел да ве научи на добро однесување“.

Ова е примерот што го споменува Калина во коментар: еден лик од серијата „Истрага на местото на злосторството“ (CSI) на А1 како држи средношколски алманах во рацете. Колешката на шега го прашува „Бараш партнерска за матурска?“ (You look for a prom date?), а преводот вели: „Бараш датум за матурска?“. Зборот дејт (date) меѓу другото значи и датум и личност со која се излегува.

Во наредната епизода: на кино

3 comments:

Ref said...

Хе. Turns out I have an account here...

Некогаш добивам впечаток дека кога би седнала да читам само превод ќе искусам сосема различна приказна.

Anonymous said...

Да спомнам и јас еден неверојатен кикс на преведувачите на кој не можев да се изначудам.

Постар е, и мислам дека се работи за филмот "Ski School", не ми текнува точно сега, ама може да се провери (инаку идеше на MTM).

Дијалогот иде вака:

- Don't say anything!
- I haven't said a word yet.

А, брилијантниот превод:

- Не вели ништо!
- Не сум видел воен авион!!!!!!!!

П.С. Најверојатно објаснувањето за ваквиот легендарен превод се сличните по звучност "I haven't said a word yet" и "I haven't seen a war jet".
Само Господ знае како го поврзаа авионот у контекстот.

viklo said...

Наместо „недостаток“, правилно е „недостиг“ (им недостига/недостасува општа култура).
„Недостаток“ значи маана.