Блекаут

27 March 2006

Игри, а не игрици

На една од скопските телевизии веќе подолго време се прикажува „Емисијата за игрици“, на тема видео-игри. Зборот „игрици“ е србизам (хрватизам), на македонски би бил „игрички“.

Дополнително, уредникот на Баг Олег Маштруко (Smrt "igricama") укажува дека употребата на деминутив е несоодветна и е показател на површноста и непознавањето на темата од страна на тие што ја користат, а при тоа е и пежоративна.
Зошто никој не зборува за „филмчиња“, „книгички“ или „весничиња“, кога се во прашање други, често многу поглупави облици на забава?
Друг аспект на проблемот е поврзувањето со зависност и губење време...
Компјутерските игри секако, без сомнение, се и губење време, но би сакал тој поим попрецизно да ми се дефинира. Дали гледање на фудбалски натпревари од италијанската лига е поголемо или помало губење време? Што е со гледањето филмови или читањето книги? Седење во ресторан? Тие сите не толку креативни, не толку интерактивни, а во голем број случаи и помалку поучни начини за „губење време“, но волгавно никој не ги исмева, ниту опишува со пежоративни деминутиви. Дали постои нешто како „зависност од шах“ или „зависност од читање книги“?

2 comments:

Advisor said...

Олег, а не Олек Маштруко. Инаку, Развигор е мој хоум пејџ. Царој сте, вие младиве!

Развигор said...

Да, Олег е - се извинувам за печатната грешка. Ја поправив.