Блекаут

11 March 2006

Срамота: Плагијатор атакува на Вуна

Вуна се буни дека е жртва на плагијат, некој нечесен блогер се кити со негови пердуви:

Ова е постот на Дечко шо го ставија на главна на Блогерајот.
Ова е мој пост од дамнина.
Ја му кажав у коментари, али неговиот аргумент е појак:

абе друже можеби е твое појма неам, го симнав од интернет и морав да напишам нешто на блогот па го стаив тоа.поздрав

Пиши друже, пиши.. бар да си пишел. Само копи пејст си напраил. Да вибам лоповите.

Во право е Офчарот, ептен нема смисла. Ама, тоа е веќе традиција кај нас, да се зема, зема од интернет без да се посочи од каде. Голем дел од екс-ју хитовите и поп-рок хитовите од Западот од тоа време (таканаречени „олдиз“) се многу слични. Сигурно дека имавме јака и талентирана музичка сцена, странците ни ги краделе мелодиите. Со времеплов. Турбофолкот го издигна плагијатот на ниво на доблест - тие што плагираат се баш некој вид на турбофолкери на интернетот.

Ама ај, ќе почне да се средуе ситуација, оти во хиперпродукцијата на блогови луѓето ќе имаат потреба да од оригиналност, па таа ќе исплива на површина полека. Багра на времето се проби така што разобличуваше баш случаи на плагијат по мејнстрим медиумите, нели? А и на насловна на Блогерај е поставена информација за кражбата.

No comments: