Блекаут

11 March 2006

Препорака: Блогерска етика на .аНТИблог

.аНТИ пишува за шесте точки на блогерска етика според Ребека Блад:
  1. Објави го како факти само тоа што веруваш дека е точно
  2. Ако постои материјал на интернет, линкувај кога зборуваш за него
  3. Јавно поправи ја секоја неточна информација
  4. Пишувај го секој пост како никогаш да не ќе биде сменет; допишувај, но никогаш немој да го пишуваш одново или да го бришеш
  5. Укажи на секој конфиликт на интереси
  6. Обележи ги сите сомнителни и субјективни извори
Оригиналниот текст содржи подетални и поопширни објасненија.
Јас веќе ја имам споменато Ребека, а богами и линкувањето наспроти форумизацијата. Линкувањето е во тесна врска и со спротивставување на плагирање.

PS
За под 4, морам да забележам дека Блогер.ком ги прави пермалинковите според зборовите во насловот на постот (ако се на латиница). Тоа помага за подигање на нивниот ранг, но претставува проблем ако ги менувате насловите - ќе се смени и пермалинкот.

No comments: