Блекаут

14 March 2006

Категоризирање - завршено

Како што најавив, се обидов да направам категоризација на одбрани постови според темите кои се обработуваат во нив. Потоа ставив линкови до постовите за секоја тема од страна, па кој сака да чита ќе може полесно да допре до нив.

Како многу од предлозите и обидите објавени на блогов, ова не е совршено решение, и бара поголемо количество рачен напор - прво да се прегледаат постовите, да се одберат оние кои се за соодветни категории, па да се ископира насловот и линкот (за некои ставав и датуми, ама за повеќето решив дека нема потреба).

Плус, се пребукира насловната страница на блогов. Во еден момент помислив да им дадам стари датуми да не пречат тука, ама од друга страна, па тоа се сепак постови во кои е вложен труд, па решив да ги оставам. Исто мислев да ја направам содржината невидлива на насловна, ама и за тоа решив дека нема потреба.

Поздрав до Жарко и Офчарот. Всушност, веќе некое време се мислам како да ги унифицирам и технички обединам сите мои блоговски активности на едно место, на пример на мојот личен веб-сајт, било со опцијата за аплоуд што ја нуди Блогер.ком или со независен софтвер како Вордпрес. Главна неразрешена дилема ми е усогласување на повеќето јазици, како и брендингот, особено во однос на името на линкот.

2 comments:

Unknown said...

Супер изгледа! Ама има ли можност за двоколонски блог?

Развигор said...

Темплејтот може да се подели на повеќе колони (ене Анти го има поделено на три). Јас мојов темплејт го немам многу чачкано од тој аспект, но во основа се работи за релативно едноставни интервенции во кодот.

Ако имаш барем приближна претстава како сакаш да ти изгледа, може да пробаме да интервенираме.