Блекаут

17 March 2006

Мултикултурализам со прифаќање на вредности = интеграција?

Јован, во својот пост „Не се сели во Холандија ако не си либерал“, обрнува внимание на новиот холандски закон кој стапил на сила денес, со кој оние кои сакаат да емигрираат во таа земја се обврзани да бидат тестирани во врска со холандската култура.

Во пакетот има и филм со кој се пренесуваат вредностите на холандското општество, меѓу кои и толеранцијата кон хомосексуалноста и голотијата на јавни места.

Во изворната вест од Асошијетид прес (Dutch Test Would-Be Immigrants With Film ), главна улога игра Рита Вердонк, министер за емиграција на Холандија. Кој не ја знае, не ги има следено информациите на ова поле. На пример, од 19 ноември 2004 година:
Министрите за правда и внатрешни работи на Европската Унија во петокот се согласија дека новите имигранти во блокот составен од 25 држави ќе мораат да ги научат локалните јазици и да се придржуваат до општите „европски вредности“ што ќе ги водат кон подобра интеграција.
...
„Ова не значи дека сме против имиграцијата“, рече г-а Вердонк. „Ако сакаш да живееш во Холандија, мора да ги следиш нашите правила... и да го научиш нашиот јазик.“

Нагласувајќи дека се работи за проблем на европско ниво, Вердонк рече дека околу 500.000 турски и марокански имигранти во Холандија не го зборуваат холандскиот јазик.
Извор, исто од АП: „ЕУ бара од имигрантите да научат ,вредности‘“ (EU imploring immigrants to learn 'values').

No comments: