Блекаут

05 March 2006

Колку македонските весници се спремни за блогирање?

За проценка на капацитетот за прелевање на блогерството во главните текови (мејнстрим) на македонската јавност, решив да ги испитам веб-сајтовите на весниците со помош на пребарувачот „Најди!“. Се добиваат индикативни резултати, но не и сеопфатни, оти веб-сајтовите не ги содржат сите написи од печатените изданија.

Податоците се претставени во две ранг-листи, според стаж (од кога споменуваат блогови) и според посветеност (број на објавени написи на темата).

Стаж Прв напис
Посветеност Вкупно написи Удел
Време1 10.05.2004
Време2 46 52%
Капитал 20.05.2004
Форум плус3 31 35%
Дневник 23.02.2005
Утрински весник 5 6%
Утрински весник4 29.08.2005
Капитал5 3 3%
Вест 19.09.2005
Дневник 2 2%
Форум плус 19.11.2005
Вест 1 1%
Вечер -
Вечер 0 0%
Нова Македонија -
Нова Македонија 0 0%

Забелешки:

  1. Првото регистрирано споменување на блог во македонски печатен медиум е претставувањето на „Блогер“ во рамките на рубриката „Веб-сајт на денот“ на „Време“. Мислам дека имаше некои имаше и претходно, но не можам да докажам.
  2. При индексирање на „Време“, „Најди!“ засега не ги зема предвид и написите од додатокот „Мали нешта“ во кој во текот на 2005 г. излегуваше фељтон за блогерство од Ивица Антевски.
  3. Написите од „Форум плус“ поделени на повеќе страници се сметаат како еден.
  4. Првото споменување на блог во „Утрински“ е во интервју со Филип Стојановски О:-), а второто е во колумна на Ивица Боцевски (5.11.2005).
  5. „Капитал“ има и други написи за блогерството, кои сеуште не се индексирани од „Најди!“.
  6. Од добиените резултати за „Дневник“ е исфрлен написот со печатна грешка („Блогај Ханџиски“).
PS
Ова е нешто како надоврзување од муабетот од блогерската средба, а ме поттикна написот на Моби за популарност на веб-сајтовите на весниците.

2 comments:

Darko156 said...

Резултативе упатуваат само кон неколку поединци кои случајо или не се наоѓаат на тие работни места.

За жал и покрај тоа што сработиле солидна работа како индивидуалци тоа ни од далеку не ја рефлектира актуелната ситуација

Се разбира со исклучон на Неделно Време каде Геро свесно ја раководи ситуацијата :)

Anonymous said...

претпоставувам зошто...затоа што на некој не му одговара тоа што го пичшува на блоговите..лично еве во Форум беше цитиран исечок од еден мој пост,,Археологија на идентитетот,, каде јас велам дека ако сами не се ставиме на археолошката мапа од светот, тогаш ќе не избриќат исто како и да не сме посстоеле. Со ова алудирав на стотиците ископувања во последните 40 години, а публикациите и извештаите се бројат на прсти (нејсе за парите кои веќе отишле)...
п.с. оваа вест ќе ја постирам и кај мене на блогот