Блекаут

13 March 2006

Лицкање на блогов за подобра употребливост

Решив да воведам неколку измени и дополнувања на блогов за полесно снаоѓање на него на новите, но и на искусните посетители.

Имено, бидејќи Блогер.ком сеуште не нуди делење на постовите на категории (како Џумлата или скроени апликации) или нивно тагување, односно ставање тагови според кои динамички би се категоризирале (како Вордпресот), решив тоа да го сторам рачно.

За секоја „категорија“, односно одбрана тема ќе си отворам посебен пост во кој ќе внесувам линкови до другите постови од неа. Линковите до самите категориски постови ќе ги поставам во блогрол наместо директните линкови до постови што сега стојат под „не пропуштајте“.

Значи, ќе следат неколку постови кои и не се баш постови. :-)

1 comment:

Жарко Трајаноски said...

И јас слично разнислував пред некој ден. Ај напрај го тоа, па дисеминирај ни ја формулата, за да можеме да си ги средиме постовите по категории, и да им бидеме поконкурентни на нашиве усрани медиуми.