Блекаут

08 March 2006

Коментарите се графити на блогосферата

Замислете некој сака да објави нешто, па си закупува билборд. Потоа му доаѓа некој и му шкрта нешто по билбордот.
  • Дали овој што го закупил билбордот треба да го финансира изразувањето на овој вториов, на своја штета?
  • Дали е морално за вториов, ако може да закупи свој билборд одма до првиот, да шкрта по билбордот од комшијата?
До горнава метафора дојдов кога го препрочитав мојот претходен пост. Ако имате мислења по овие прашања, искажете го на својот блог.

PS
Графитите најчесто се грди, вулгарни, политички обоени, а многу, многу ретко имаат уметничка и естетска вредност. Кој го има тоа предвид, нема да се разочарува на секои два чекори додека шета низ Скопје, на пример.