Во неговиот пост Боингтастично, со кој се надоврза на блогерските аксиоми, Јован посочи следење на примерот на Боинг-боинг во врска со коментарите.
Инаку, во врска со она „чичковците“ кај Јован, Кори Доктору е млад господин, а Шени Жордан е млада дама (на сликата).
Решив малку подобро да ја разгледам нивната структура и увидов дека беклинковите ги имаат „аутсорсирано“ преку Технорати. Вметнав таков код и во блогов, ама со оглед на тоа што дури и за написи до кои сигурно има линкови не ми дава резултати, го означив дека е во фаза на бета-тестирање. Ова е кодот:
<a class="comment-link"
href="http://www.technorati.com/cosmos/search.html?rank=⊂=mtcosmos&url=<$BlogItemPermalinkUrl$>">преку
Технорати (beta)</a>
2 comments:
Не ми е срам, да згрешам, срам би ми било кога пријателите не би ми укажале на грешката. За среќа, моите пријатели не се такви :)
Корегирано чичковството во изворниот пост.
Јас пак мислев дека тоа „чичковци“ ти е намерно ставено во смисла на авторитети, а изборот на зборот е направен поради (иронизирање на) патријахалниот модел на размислување присутен во Македонија.
Post a Comment