Кога ги пишувате вашите колумни на крајот на колумната можете да ставете нешто како на пример „повеќе од авторот има на „вашиот блог“ или пак „повеќе на „вашиот блог“.Нели е парадоксално што во печатената верзија на „Неделно време“ во рубриката „Нов бран“ не стојат линковите до блоговите на Букаро и Вуна - кои станаа колумнисти токму како дел од развојот на таа рубрика. Истото важи и за копиите на нивните текстови на веб-сајтот на весникот.
Идејата е дека на овој начин читателите ќе го дознаат вашиот сајт па освен во весниците каде се објавуваат тие ќе можат да ве читаат и на вашиот блог.
Во македонските весници има случаи кога се објавуваат адреси за е-пошта на колумнисти (што може зависи и од колумнистите), но колку што се сеќавам, досега баш немало со веб-сајт.
Веројатно и Ивица и Жарко како колумнисти кои се истовремено сопственици на веб-сајтови/блогови може да поттикнат вакви револуционерни потези во „Утрински весник“, односно „Дневник“.
1 comment:
OK, дечко, we have our marching orders ...
Post a Comment