Блекаут

27 March 2006

Апел за хуманитарна помош

Се придружувам на апелот кој го иницираше Фри опен ер, а го поддржаа аНТИблог, М-соулз и Моби:
Малата Димчова Фиданка родена на 21.06.1995 годинс во Струмица спаѓа во категоријата на лица со посебни потреби (Og. Surditas) тешко оштетување на слухот и поголемо од 80 db, а со самото тоа оштетување и проблеми со говорот. Учи во ОУ: "Никола Вапцаров" Струмица и е 4 одделение.

Итно е потребна операција за вградување на кохлеарен имплант (вештачко уво ) што не се прави во нашата земја и потребно е лекување во странство односно во Загреб, Р.Хрватска. Вкупните трошоци околу операцијата изнесуваат околу 10 000 евра, што за нас се недостапни. Со оваа операција ќе може да слуша и да се вброи со другите нормални деца.

Ве молиме излезете во пресрет со нашето барање на што ќе ви бидеме вечно благодарни. Покажете ја вашата хуманост и
  • доброволно прибраните средства уплатете ги на отворената жиро сметка во Стопанска банка - 200000000019489-0012634698 на име Димчова Фиданка или
  • пак со еден повик на телефонскиот број 070 143 402 донирајте 100 денари.
Со почит и голема благодарност.

Од родителите.

3 comments:

Anonymous said...

Јас во ноември месец минатата година поведов слична акција за 11 годишно детенце на кое му требаше исто така опреација за кохлеарен имплант. Исто беше отворен и телефон во Мобимак.
Освен тоа се обидов и на други интернет места да ја проширам информацијата. Целата работа е да ваквите апели ги видат што е можно шовеќе луѓе. Доколку сте знаинтересирани во секое време ќе ви ги пренесам моите искуства од тоа што го правевме. Детето минатата недела беше оперирано.
jakovroman@yahoo.com
Поздрав

Развигор said...

Заинтересиран сум, пренеси ги искуствата... :-)

Anonymous said...

Пиши ми порака на меил.
jakovroman@yahoo.com
Поздрав