За мене е многу интересно како капиталистичкиот-конзумерски систем ги голта, преработува и рециклира ваквите изблици на креативен бунт, меѓу кои и флешмобовите, во вид на франшизи, потоа користејќи ги нивните надворешни манифестации за свои цели, не само во политичката арена, туку и во рекламно-забавната индустрија. Примери:
- Најновиот хит-спот на Бон Џови (Have a nice day), во кој едно цртежче што тој го дава како автограм се шири преку вирален маркетинг како симбол на напредното младешко спротивставување на естаблишментот.
- Рекламите за некој вид автомобил (?) при која сите ликови, дури и полицајци на коњи, стојат на некое повисоко место и скокаат во ист момент.
- Рекламите за очила при кои ликови за пример се качуваат на места над толпата и кулираат.
- Има индиции дека при разнобојните револуции, ширењето на успешни практики е помогнато и поттикнато од не-баш-грасрут играчи. Секако, со исклучок на активностите на Руслана. О:-)
No comments:
Post a Comment