Преку Комуникации дознав дека Центарот за развој на медиумите објавил нова „пратка“ резултати од нивното опсежно истражување спроведено минатата година, под наслов Програмски потреби на публиката на електронските медиуми во Македонија.
Кај ТВ-сериите води „Вила Марија“ која има двојно поголема гледаност од вицешампионот „Пријатели“. Овој пример го потврдува заклучокот и од истражувањата на Метаморфозис, и од Националната стратегија за развој на информатичко општество, дека нашите гледачи, инаку големи потрошувачи на овој медиум (Macedonians аre European Recorders in Watching TV) бараат содржини на јазици кои им се разбирливи.
Друг дел од гореспоменатото истражување беше објавен претходно под наслов Технички услови и потенцијал во радиодифузната дејност во Р. Македонија.
No comments:
Post a Comment