Блекаут

15 March 2006

Секоја криза истовремено претставува и прилика

.аНТИ и Вуна зборуваат за заплашувањето на блогери од страна на училишни или државни власти, а тука може да се надоврзе и од работодавци - со еден збор, некој од кого во моментот зависи иднината на блогерот.

Повод е веста од Хрватска под наслов „Газење на уставот: Министерството се заканува со полиција на учениците што пишуваат блогови“ (Gaženje Ustava: Ministarstvo prijeti policijom učenicima koji pišu blogove).

Изгледа дека дојде време за предложеното продолжение на „Слобода што почнува да боли“ - таман добро би се искористила приликата стручњаци да ги посочат законските одредби (до член) што ги штитат и учениците/студентите и вработените во случаи кога надредените ја злоупотребуваат положбата да им го загрозуваат правото на образование или работа, поради користењето на слободата на говор.

Дали добивањето одштета од вакви случаи може да биде еден механизам за обезбедување одржливост на членовите на МБЗ?

Во колкава мерка независните организации кои се залагаат за слобода на изразување во САД и ЕУ, или радикалните екологисти, се финансираат од ваков вид на фондови (litigation)?

1 comment:

Anonymous said...

Па нели постои опцијата да бидеш анонимен ?,макар да не постои апсолутна анонимност...
Треба стварно да си го бараш "со боринче" за полицијата да те бара
тука мислам на работи како девојката од Јапонија која на блогот известуваше како ја труе својата мајка.
Ме мрзи да читам што било во Хрватска ама зашто учениците не постирале анонимно?,а веројатно оставале и слики и свое име и презиме
кој им е крив

Мене ми се има случено да ми се јави човек на телефон"Здраво ,ми треба Moby!"

Како ми го нашол телефонот не знам ,претпоставувам дека му го дал некој . Како што сега МБЗ се среќавате ,правите средби ,разменувате телефони и лични податоци и никогаш не можеш да знаеш кој на крајот "ќе ти го закопа"
Така на времето имаше Ајвар-средби
и никогаш не дознав и не сакам да дознам кој бил "предавникот"