Блекаут

05 May 2006

Екоцид: Децата да не знаат за нашите гревови

„Вест“ известува дека „трујачот на кучиња во Аеродром повторно нападна“:
Меѓу отруените кучиња била и кучка со пет малечки кученца, кои за среќа успеале да преживеат. За нив сега се грижат децата од маалото.

„Граѓаните ќе собираат докази за да поднесеме кривична пријава против непознат сторител. Ова е убиство и некој мора да одговара. На децата веќе им е страв да играат во паркот и како да им објасниме дека ова го направил човек. Се плашиме и за нивната сигурност,“ додава Хаџи-Панзова.
Болдот го додадов. Испаѓа дека децата треба да се „заштитат“ од дознавање на фактот дека токму човекот е најголемиот крволок на планетава. Да не се свесни за тоа дека во текот на нејзиното постоење имало три големи помори на живиот свет: првите два предизвикани од природни катастрофи пред 200 и 60 милиони години, и третиот што се случува сега, поради нас. А само ако се свесни за тоа што се случува ќе може да ги спречат последиците од нашето колективно дејствување. Не е ни чудо што оние еволуционисти кои укажуваат на насилните елементи на човековиот развој наидуваат на најсилен отпор.

1 comment:

Anonymous said...

А кој ќе им објасни дека кучињата се (од човекот) закржлавени потомци на владетелите на шумите - волците? И кај е екоцидот, во плеткањето против примарната директива (кој гледал Стар Трек ќе разбере) или во фрустрираното убивање на неколку примероци?

И кое е тоа изживување на затворање на предоминантно шумски предатори во четири ѕида?

Слична работа беше со обидот за убиство на носорогот во зоолошка. Испадна дека човекот пред тоа бил нападнат и сакал да се одмазди. Многу е можно профилот на убиецот да е на слично ниво.