Авторот Моисес Наим наведува податоци и примери со кои укажува на растечката изложеност на меѓусебно влијание, од ефтините телефонски разговори и сателитската телевизија, до директни инвестиции (вложување) во бизниси (деловни зделки) во старата дома.
Тој исто така смета дека „искористувањето на богатите ресурси и таленти од имигрантските заедници воглавно за политички цели“, наместо во функција на економскиот развој, претставува пропуштена можност.
But tapping the wealth of resources and talents contained in immigrant communities largely for political gain seems like a wasted opportunity.
Мислам дека е крајно време да се добијат одговори на следните прашања:
- Колку пари всушност се слеваат во Македонија од дијаспората?
- Колку нови работни места отвораат парите од дијаспората, во споредба со странските инвеститори, како погончињата на Грците во јужна Македонија?
- Кои се разликите во однесувањето помеѓу македонската дијаспора
- со различно етничко потекло и
- од различни генерации? - Што друго може да се извезува од Македонија кон дијаспората, освен продукти поврзани со носталгијата и нивната одделни етнички култури, како концерти?
- Кој вид на врски со Македонија може да им донесат полза на луѓето од дијаспората во нивниот секојдневен живот?
- Односот помеѓу степенот на етнички базираниот национализам во дијаспората и
- вложувањата и
- донирањата во Македонија?
2 comments:
Druzhe, otkako ja otkri Amerika, vreme e da gi prepishesh ovie prashanja na hartija i da gi pratish po fondaciive niz svetov. Ako odgovorish na 1-2 od ovie prashanja, imash zagarantirana masters teza, a za poveke mozhe i PhD ke izvlechesh. So sreka!
(ushte da beshe tolku lesno da se kvantificiraat vakvi prashanja, kaj ke ni beshe krajot...)
:)
Јас имам еден одговор на сите овие прашања: (се чита со гастербајтерски акцент) „Јас за Македонија ќе дадам дури 5 долара“
Post a Comment