Блекаут

21 May 2006

Пример на помин на писател во комунизмот

Букаро ископал некој комунистички едикт од советска Украина од 1985 година со кој се оценуваат пропагандните карактеристики на разни странски групи.

Бисер на списокот: Ајрон Мејден пропагираат „насилство“ и „религиозно мракобесие“.

Букаро се прашува и како некој бунтовен и сексуално ориентиран млад писател би си поминал во таков систем. Тешко е да се претпостави, но еден пример нуди животописот на Едуард Лимонов (Eduard Limonov, Эдуард Лимонов), руски писател од Украина, дисидент во времето на СССР, подоцнежен другар на Караџиќ и Младиќ како квази-репортер од Балканот, па маргинализиран радикален националистички политичар (Национал-бољшевистичка партија), неодамнешен политички затвореник и тековен колумнист.

Српското издание на неговиот експлицитен автобиографски роман „То сам ја, Едичка“, напишан 1979 година, на времето беше достапно и во Македонија, а мислам сеуште може да се најде по некои од јавните библиотеки или профитни книжарници.

2 comments:

Алекс Букарски said...

ти бато развигор чакнат си скроз.

ме споредуваш со неофашист? случајно или?

а можно е со “другарите“ скинхедци да го залупаме метаморфозис :)))

не, озбилно. јас појќе пандан гледам во еден друг руски дисидент. Виктор Јерофејев. Србите го имаат преведено неговите колумни. Книгата се вика“Мушкарци“. Дури во “Табернакул“ го видов пред некој ден...

Развигор said...

Еј Букаро, не велам ти = Лимонов, чувај боже. Прочитај внимателно што сум напишал погоре, токму поради тоа што не може да се предвиди како такви услови би влијаеле баш на тебе. Или на мене. Плус не знам многу за твојата тековна идеолошка или друга подлога, па уште понеблагодарно би било да предвидувам.

До душа, од романот што го споменувам не може да се види дека оној Лимонов од 1979 година има врска со неофашизам - тогаш. Ниту дека ќе основа таква и таква политичка партија, дека ќе прифати, кога ќе му понудат опсадителите, пред камери да попука врз Сараево со митралез, или дека ќе го жали распадот на СССР и ќе се обидува на некој начин да го возобнови.

Примерот на Лимонов не е наведен како директна споредба со тебе, каков што си овде и сега. Но е реален показател за тоа како комунизмот може да влијае врз развојот на еден млад, бунтовен писател кој раните дела претежно ги исполнува со сексуални содржини, а издава самиздат уште од средно.

Веројатно таков еден, не е репрезентативен примерок, но е еден од најпознатите. Сигурно во СССР имало многу, многу бунтовни млади писатели со слични склоности. Некои можеби ги суредил режимот, додека можеби повеќето, почнале да пишуваат „соодветно“ според неговите желби. А веројатно и СССР од 1985 г. не бил истиот со СССР од 1955... или 1935 година, на пример.

А за Виктор Јерофејев, дај линк, белешка за авторот, или нешто со свои зборови.