Палестинската влада предводена од Хамас ги повллече парамилитарните сили од Газа, среде се поголемата напнатост помеѓу соперничките фракции.Во македонскиот јазик, нема „парамилитарни сили“, туку паравоени формации. Милиција (militia), кои на англиски значи исто - локално организирана група вооружени луѓе, во јазиците на бивша Југославија се однесува на полиција, односно полициски сили во времето на социјализмот. „Сè“ се пишува со цртичка.
Неколку лица беа убиени за време на судирите меѓу милициите на Хамас и регуларните безбедносни сили, кои обично се сметаат за лојални на Фатах, групата на претстедателот Махмуд Абас.
Можеби ББЦ со сите свои ресурси претендира да биде угледен медиум, но грешките во текстовите кои укажуваат на недоволно познавање на стандардниот македонски јазик автоматски го рушат кредибилитетот на нивните писанија. И не се работи само за вкусот на колонијален менталитет - законска обврска на секоја новинска куќа е да најми лектор за своите изданија.
2 comments:
Тупиш.. :)
Напротив.
Post a Comment