Блог на најразновидни теми, меѓу кои стрип, анимација, тековни настани, историја, палеонтологија и интернет, со препораки или кудења на нешта што може да се прочитаат, изгледаат или ислушаат. Другото сè е сеир.
Блекаут
31 January 2007
Навраќање на „Соушал митер“
30 January 2007
Не сме биле ептен вики-дунстери

Некакви слични споредби правев и јас на времето, ама не земајќи го бројот на жителите на одделна земја, туку бројот на говорители на даден јазик. Википедиите на разни јазици се транснационални производи, во кои учествуваат и припадници на дијаспорите и слично. Особен пример е википедија на англиски, во која учествуваат луѓе од многу земји, не само оние во кои англискиот е официјален.
Како исполнување и на мојата најава, еве го и фајлот со податоците (зип, 6К) кои во два наврати ги собрав за бројот на написи на различни википедии.
29 January 2007
Потребно е да се стандардизираат владините домени
Во текстот не е споменат, но најзначаен пример од овој вид е тоа што имаме веб-сајт www.president.gov.mk, а немаме www.pretsedatel.gov.mk.Експертите по македонски јазик не се против имињата на интернет-страниците да бидат напишани на англиски, но децидни се дека мора да има и адреса напишана на македонски јазик.- Од каде знаете дека сите наши граѓани го познаваат англискиот јазик? Се што ќе излезе јавно мора да биде лекторирано, па дури и имињата на веб-страниците. Државата мора да даде пример. Ако тој што го донел Законот за заштита на македонскиот јазик [pdf] не го почитува, тогаш како ќе бараме другите да го спроведуваат законот - вели професорката од Филолошкиот факултет Славица Велева.
На сајтот на Метаморфозис може да најдете куса анализа за македонските домени во 2006 година.
28 January 2007
Штафета на исповедта
Првиот блогер пишува 5 работи за него кои до сега не ги кажал на блог. Значи нешто што никој не знае за него, или тој мисли дека не знаат. :)Дарко ко и обично го најде оригиналот, но нема врска.
Потоа наведува во неговата листа 5 други блогери на кои им ја пренесува штафетата. И така секој кој ќе се најде на листата пишува пост со 5 работи за него, наведува 5 други блогери...

- Во кујна: сакам сецкање, освен кога се во прашање марула и зелка. Рендање на било која состојка за рецепт не ми прави кеиф.
- Не апстинирам од алкохол, сакам флуиди и флуидности, но еднаш намерно немав испиено ни капка со исклучок на едно бонбонче со ликер скоро цела година. Или повеќе...
- Колку помалце доцнам на состаноци, толку сум порасеан за други работи.
- Мразам дури и на филм да гледам како некој се посрамотува, особено во ситуација кога знам дека ќе каже или направи нешто што ќе „го закопа“.
- Да! ми е омилен одговор. :-)
27 January 2007
Доцнења на Сајт-митерот и што со нив
Сајт-митер користи повеќе сервери, што се гледа и од структурата на логинот. На пример, на Развигор е s14razvigormk, а на Бет едвајс s27betadvice. Едниот го користи четиринаесеттиот, а другиот дваесет и седмиот.
Причината за „лагот“ било тоа што некои од сајтовите од истиот сервер ја преоптеретувале машината. Предложено решение - отворање нов акаунт, на некој од понеоптеретените сервери.
25 January 2007
Книгата за ОпенОфис.орг е достапна во книжарниците

- Александрија
- Табернакул
- Точка и
- ТРИ, во Скопје.
Книгата е исто така достапна и во електронска форма на сајтот на Метаморфозис, бесплатно.
24 January 2007
Википедија на македонски - последна на Балканот

31.05.2006 | 24.01.2007 | Пораст | |
Македонски | 6971 | 8693 | 25% |
Српски | 32732 | 41380 | 26% |
Бугарски | 26168 | 34454 | 32% |
Словенечки | 28817 | 38300 | 33% |
Босански | 8980 | 12833 | 43% |
Хрватски | 16985 | 26951 | 59% |
Албански | 7469 | 12926 | 73% |
Грчки | 10323 | 18110 | 75% |
Турски | 23482 | 43944 | 87% |
Романски | 53450 |
22 January 2007
„Дневник“ ја прогласи бозата за пиво
Поради влезот во ЕУ се укинати царините и даноците за алкохол, па затоа мажите од Унијата побрзаа кон Бугарија да купат од познатото пиво „боза“, од кое наводно растат градите.Имено, некоја странска агенција известува за бозата (Breast-boosting beer) и „Дневник“ го презел написот. Веројатно оригиналниот автор, пијалалоците што се добиваат со ферментација ги смета за пиво, па така ја опишал и бозата.
Арно ама, секој балканец кој не паднал од Марс и не е недоделкан македонски преведувач или преведувачка, знае дека бозата не е пиво. Но, зошто здравиот разум да застане на патот на буквалистичкото преведување, нели?
Макар што тоа значи скрнавење на сите наши идеали. Ех Цезо, Цезо, за што се боревме, за што BozDay славевме... А на цела редакција на „Дневник“ им препорачувам забрзан курс на тема „Што е боза“ во слаткарницата Апче, карши Универзална сала.
Исповед: тоа за градите го сметам за жива вистина. Од моето ограничено искуство, сите жени што сум ги сретнал досега и што сакале боза биле со прекрасни гради!
Упатство за пишување добри постови
Казнивиот упад на сајтот на претседателот на РМ
Како и обично, во нашите медиуми вести поврзани со интернет обично добиваат приоритет ако се лоши. :-(
Од ТВ Сител ми побараа изјава во врска со тоа дали вакво нешто е казниво. Според член 251 од Кривичниот законик, за упад во компјутерски систем од државна институција минималната казна е 1 година затвор, а може да се доделат и до 5.
Кривичниот законик може да го најдете на сајтот Право.орг.мк, но тој веб-сајт за жал нема пермалинкови до законите, ниту пак дозволува печатење или копирање на текст од заклучените ПДФ-документи - што е контрадикторно на неговата намена, да ги прави текстовите достапни. Во полето за пребарување внесете кривичен и земете го пречистениот текст од 30.03.2004 година.
Дополнение: веста на веб-сајтот на Сител.
16 January 2007
„Време“ - прв македонски интернет-весник
Ова нема врска со европскиот тренд за премин од хартија на интернет, туку според редакцијата на „Време“, причината е сомнителното откажување на печатниците:
Навистина жалиме за оваа непријатна ситуација до која се доведени читателитеНо и откако ќе најдат друга печатница, тие сепак ќе
на „Време“. Во овој преоден период тие ќе имаат можност да ги читаат содржините на весникот на интернет-страницата www.vreme.com.mk, а во најкраток можен рок весникот ќе биде и во печатена форма повторно достапен за нашите читатели на сите продажни места низ земјава.
Граѓаните имаат право на избор
Сметајќи дека најавените обуки за компјутерска писменост за населението се во основа позитивен потег за развојот на информатичкото општество, Фондацијата Метаморфозис и НВО Слободен софтвер Македонија ја поттикнуваат Владата на РМ да овозможи право на избор за граѓаните, преку обуки за користење и на слободен софтвер.Се работи за извадок од официјалното соопштение. Доколку се согласувате, изразете ја својата поддршка со пренесување на веста преку постови на вашиот блог, или со дигување и стамблирање.
Новица го има објавено текстот на владиниот оглас за обуки, заедно со негови коментари, а на Панта реи има дополнителни критички размисли на темата.
15 January 2007
Климатските промени ги сотреле Танг и Мајите
Пропаѓањето на династијата Танг, една од најзначајните во кинеската историја, како и пропаѓањето на високоразвиената цивилизација на Маите во Средна Америка може да се објаснат со големиот број климатски промени што ја зафатиле нашата планета. Научниците сметаат дека промените биле предизвикани од силните монсунски ветрови. Меѓународниот собир на научници го предводел Џералд Хог од Центарот за истражување на Земјата од Потсдам. Тој го поврзува исчезнувањето на двете големи култури и цивилизации со големите промени на климатските циклуси што се случиле меѓу 700 и 900 година. Ова тврдење е објавено во стручниот весник „Природа“ [Nature].Еден од најголемите недостатоци на филмот „Апокалипто“ од Мел Гибсон, според критичарите-археолози, е што крајот на урбаната цивилизација на Мајите го става во времето кога Шпанците навлегуваат во Америка (16 век). Всушност, Мајите престанале да живеат во градови пет-шест века пред тоа.

Шведска: Укинато печатењето на најстариот весник во светот
Најстариот весник во светот „Пост-ок инрикес тиднигар“ со одлука на парламентот во Шведска веќе нема да излегува во печатена форма и од Нова година е достапен само на Интернет.Се работи за службениот весник на Шведска. Европски тренд.
Како до над 10.000 посети на ваша веб-страница во еден ден (студија на случај)
Овој блог беше отворен токму заради испробување на новиот софтвер на Блогер, учење низ работа со социјално вмрежување како алатка за промоција, како и за презентирање на вести, ставови и мислења на членовите на блогот за научната фантастика и сродни теми.
1. Веб-сајтот треба да биде соодветен за намената
Блоговите се добра алатка за експериментирање во областа на веб-маркетинг и е-издаваштво поради тоа што почетните финансиски трошоци се минимални, а самата природа на медиумот обезбедува брзо поврзување меѓу сајтовите, кои се веќе оптимизирани за машините за пребарување. Нивната публика во голема мерка се други блогери, кои по дефиниција сурфаат повеќе од обично, па и резултати може да се добијат во далеку покус рок во споредба со целокупниот интернет-простор.
2. Презентирајте релевантни информации
Во текот на викендот сурфајќи наидов на вест која сметав дека се вклопува во концепцијата на блогот, надоврзувајќи се на некои претходни постови, а која во онаа форма која ја имаше по сајтови не ја даваше комплетната информација. Се работи за дополнувања на законската рамка за авторски права во САД во специјални случаи, со кои се овозможува пристап до софтвер кој веќе не се дистрибуира комерцијално (abandonware) – меѓу кои некои стари игри за DOS. Освен линк до веста, го пронајдов и оригиналниот текст на новиот пропис и ставив линк до него и цитат од најважниот член. Со тоа обезбедив информацијата да е комплетна, но и да овозможи понатамошно истражување за заинтересираните.
3. Вложете во промоција преку интернет
Основната адреса на веб-сајтот веќе ја имав промовирано преку сервисот „Стамбл апон“ благодарение на што блогот доби околу 1000 посети неколку дена пред тоа. За оваа вест се одлучив да го искористам сервисот „Диг“ и тоа неговиот „канал“ за компјутерски игри, чии читатели сметав би биле најзаинтересирани. Обата сервиси нудат вмрежување преку создавање на мрежи на пријатели кои меѓусебе на разни начини си препорачуваат линкови. Предноста на „Диг“ е што е целосно базиран на веб, додека „Стамб апон“ бара да се инсталира лента со алатки (toolbar). На „Диг“, доколку еден линк добие доволно гласови, тој се појавува на првата страница која е исклучително многу посетувана.
Тоа беше случајот и со нашиот напис. Откако доби иницијална поддршка од неколку десетици гласа, посетеноста се вивна на неколку стотици. Престојот на насловната го „заврши“ со 1440 „дигови“, а блогот во текот на наредните неколку дена оствари над 14.000 посети од целиот свет, оти некои од посетителите самоиницијативно имаа ставено линкови до написот и на своите блогови и веб-сајтови. Најголем дел од посетите беа од локации каде што живеат потенцијални странски инвеститори (САД, Западна Европа, Австралија, Источна Азија).
4. Следете ја ситуацијата и реагирајте соодветно
Во текот на вечерта, на самата страница за гласање одговарав на коментари од гласачите, што исто така помогна во промоцијата, оти нивните пријатели имаат можност да видат дали се активни во таа област и може да станат љубопитни зошто. Исто така, ги известив и пријателите што во моментот беа на интернет да се вклучат во журката. Во овој случај, вложувањето на финансиски средства беше минимално, но беше вложено искуство и знаење за начините на функционирање на системите.
5. Анализирајте и правете простор за понатамошен развој
Според анализите на агрегаторот Дигимак, кој се потпира на податоците од јавните бројачи на околу 88 македонски блогови, еден македонски блог во просек има нешто под 40 посети на ден. Оние најпопуларните ретко ја преминуваат границата од 200, со исклучок се порнографските, кои се сепак свет за себе. Голем број деловни македонски веб-сајтови веројатно имаат сличен обем на посети, ако може да се суди според оние кои имаат поставено јавни бројачи.
Филантропија: Унапредување на човештвото како составен дел од нашето живеење

Покрај глобалните трендови, филантропијата е сè поприсутна и во локални рамки. Многу невладини организации и институции на филантропијата гледаат како на значаен ресурс за реализирање на своите цели и задачи....а мене вниманието ми го привлекоа емпириските податоци (од втората страница, мои болдови):
Неодамнешното истражување кое го спроведовме во рамки на Проектот за зајакнување на граѓанското општество покажа дека и во Македонија постои потенцијал за развој на филантропијата. Поголемиот број граѓани и претпријатија имаат позитивен став кон донирањето и сакаат да помогнат во рамки на своите можности. Истражувањето откри дека 70 проценти од испитаниците изјавиле дека досега имаат донирано. Кај оние што не донираат, недостигот на материјални средства е само една од причините. Останатите причини се недостатокот на доверба во правилно искористување на донацијата и немање информација за тоа како да се донира.
14 January 2007
Нема веќе „кој втор почна“

Тоа мене, како претставник на „генерацијата 2003“ хронолошки од второ ме носи на трето место, ама како што рекол Аристотел: „Мил ми е Платон, ама помила ми е вистината“. ;-)
Хајка против црнец во Полска
Атмосферата изгледа многу слична, само подрастична, на онаа во врска со еден фудбалер кај нас пред некое време. Ѕирнете ги постовите од категоријата „расизам“.
13 January 2007
Преселба на новиот блогер (+ Молоко)
Прослава со убавиот спот од Молоко: „Фамилијар филинг“.
09 January 2007
Бензините поевтинуваат за денар, дизелот за два денари
Од ноќеска на полноќ бензините поевтинуваат за денар, а дизелот и екстра лесното за два денари.Кога не е неопходно, може чоек и да се стрпи.
Паркур, пример од филмот Б13
Пример од филмот Б13, за кој дознав благодарение на блогот на Џ.Р. Тод.
Фала за поддршката за Хронологијата
Дополнително, фала до Трендо и за комплиментот со кој ја има дополнето промоцијата на Хронологијата на Блогерај, моментално поставена на насловната страница.
„Најди!“ поново јаше
Се очекува редовното индексирање на новите информации од сајтовите да почне до крајот на неделава.
Оваа година за Водици место телевизор - компјутер
Предлагам од оваа година за христијанскиот празник Водици, главна награда за човекот што ќе го извади крстот од водата, наместо телевизор да биде компјутер.
Не ми е познато каков модел на „традиционален“ телевизор се доделуваше досега. И да има разлика во цената, мислам дека ќе биде оправдана со силината на позитивната порака што МПЦ ќе ја прати до верниците, домашната и светската јавност - дека се работи за црква што го цени знаењето, демократијата и припаѓа на 21 век.
Нема потреба дополнително да се аргументира, но добро е да се наброи дека ТВ-приемникот е средство занаспроти компјутерот, кој нуди и
- еднонасочна комуникација,
- контролирана од центри на моќ
- поттикнува пасивност, униформност и конформизам,
- моќ за креирање,
- размена и споделување на информации,
- поттикнувајќи интерАктивност и самостојното размислување.
03 January 2007
Видео: Интервју со Сабрина Салерно
Вашите права при контакт со полицијата
Изнесените податоци се многу полезни во однос на заштитата на граѓански и човекови права, особено дополнението во прикачените коментари.
01 January 2007
Хронологија на македонската блогосфера

Хронологијата (временска лента?) е достапна на македонски и англиски јазик.