Ги повикувам сите блогери и други ентузијасти да се приклучат на Википедија, за да ја збогатат верзијата на македонски јазик (mk.wikipedia.org).
Техничкиот дел е прилично едноставен, а забележувам дека при блогирањето посериозните блогери често мораат да поставуваат дефиниции и објаснувања за поими или личности. Тие прилози може да ја збогатат енциклопедијата, макар како „никулец“ - кус напис кој иницира тема.
Пример: во постот за угостителска математика, се соочив со проблем дека ако преку линк не ставам информација што е тоа комплемент, можеби некои луѓе нема да може да увидат што е смешно. Затоа и се пријавив на Википедија и набрзина ја преведов најсоодветната дефиниција од англиски.
Мислам дека е конзистентно кога веќе одржувам блог на македонски, читателите колку што е можно да ги пренасочувам на македонски, а не англиски содржини. Затоа се трудам кога линкувам напис на англиски да го ставам преку оригиналниот назив во заграда, за читателот да има претстава кај ќе отиде.
Полнењето на Википедија на македонски јазик, освен за збогатување на содржините достапни на веб на нашиот јазик, е многу полезно и од аспект на промовирање на македонската култура во светот. Насловната страница на енциклопедијата е многу посетувана, а таму се во фокусот верзиите на јазиците кои имаат најголем број написи. Во горниот дел се сместени оние со околу и над 100.000, па меѓу 10.000 и 100.000, па меѓу 1000 и 10.000 итн. Во моментов македонската верзија има околу 3000 написи, па се наоѓа во долниот дел. А баш би било фино да влезе во друштво на културно најбогатите.
4 comments:
денес на факултет (правен) по информатика ни појаснија следново:
- ќе пишеме статии, ќе праиме блогови и сл.
- најасолните статии, сем јака оценка, ќе ги тураат на вики.
идеме напред бе.
Претпоставувам некое интерно вики... оти за ова јавново, не ти треба од никого одобрение ниту оценка. Ако не го бива написот, ќе се најде некој да го смени.
Полека но сигурно
Еден ден сите ќе правиме ВИКИ, а ВИКИ ќе не прави нас :)
абе за вики-то, тоа, унифицираното :)
ама рачунај дека 99% од колегите мои не знаат шо е тоа системска кирилица.
затоа асистентите ќе ги закачуваат на вики.
иначе ја ијам до сеа едно 15-16 статии пратено.
Post a Comment