Што би се случило ако секој филм, наречен според топоним или лична именка, почне да се преведува буквално, по урнек на преведувањето на „Планината Броукбек“ (Brokeback Mountain), со -- како што би рекол Јован -- крш-преводот „Кршенгрб Планина“?
„Бандите на Њујорк“ би станале „Бандите на Новиот Залив на Коњите“, оти името Јорк (York) етимолошки потекнува од старонордискиот збор Јорвик (Jórvík) кој значел „Залив на коњите“, увезен во Британија од викиншките освојувачи.
Секаде каде што се споменува Холивуд треба да се преведе со „Света Шума“, а Сан Франциско всушност треба да е „Свети Фрањо“. И оригиналното значење на „Чикаго“ (Chicago), на домородниот алгонквински (Algonquin) јазик одговара за гламурозен мјузикл – „место кај што смрди на кромид“.
Без иронија, „Филаделфија“ (Philadelphia) е ептен погодено име за филм за меѓучовечки односи – на грчки значи „братска љубов“.
Она „Кршенгрб Планина“ исто така го промашува и правилниот редослед на зборовите во македонскиот јазик, слично како кога корпорацијата Мајкрософт (Microsoft Corporation) се буквално се преведува како „Мајкрософт корпорацијата“.
Продолжува...
4 comments:
Грешка си за "Microsoft Corporation".
Би било "Микро-мека корпорација"
:-)
Glasgow bi stanal "odecko-staklo" "otide-staklovo"
ц-ц, баш и не ми се верува некој од нашиве платени аналфабети да седне и да бара етимолошко потекло на зборовите што не ги знаат - па за тоа време они ќе успеат да ПРЕВЕДАТ уште пола страна!
„Канада“ би била, едноставно, „село“.
Post a Comment