Поради квалитативниот популизам, Ур-фашизмот мора да биде против „расипаните“ парламентарни влади. Кога некој политичар ќе фрли сомнеж на легитимитетот на парламентот бидејќи тој веќе не го претставува Гласот на народот, може да намирисаме Ур-фашизам.Арно ама, по интернет има многу податоци за родословите на европската аристократија, наспроти напорите на просветителството, според Дејвид Брин:
Во секој случај, лесно е да се најде дека незнамтикој таму и таму „благородник“ е потомок на снаа му на Цар Самуил, на пример, па такви се посочуваат за добри кандидати. Особено обилуваат бугарски сајтови на таа тема, од кои за да препишеш, не треба ни англиски да знаеш. Секако, има и други алтернативи, прифатливи кај оние кои ја сакаат поговорката „јебеш државу без краља“.Сиот тој стремеж станува многу појасен, доколку се сетиме дека самоволни господари и поглавари владееле со нас за време на 99,4% од постоењето на човештвото...
Поминаа само околу двеста години, еден миг, а „научното просветување“ почнало да се бунтува против скоро-универзалниот модел наречен феудализам, хиерархиски систем кој што владеел со нашите предци во секоја култура, за време на кој се развила металургијата и земјоделството. Секогаш кога луѓето се стекнувале со плугови и мечови, некоја банда на силни мажи го одземала второто, и ги грабнувале жените и житото на преостанатите. (Шовинистичкиот јазик овде е правилно употребен; тие култури не го употребувале зборот „шовинизам“, затоа што го сметале за природна појава која се подразбира.)
После тоа, истите тие мажи прогласиле закони и воспоставиле „традиции“ со кои им обезбедиле на своите синови да наследат сè.
Ако веќе прифатиме да увеземе цар (што не значи дека тој не би имал локален шогун/регент/администратор, нали овај), мислам дека е најдобро да го поканиме сплиќанецот Горан Каран. Според презимето, тој има појаки корења и од Самуила - првиот крал на Античка Македонија се викал Каран.
2 comments:
Море за сите Гаврило Принцип!
кога сме кај гаврило.. пиштолот да не му го видел некој? а? а???? :))))
Post a Comment